Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на градскиот плоштад во Охрид, ќе се спроведе акција за собирање средства за изградба на нов стационар.
Овој хуманитарен настан ќе се одвива во периодот од 13:00 до 17:00 часот, а е органзиран од Македонската мисија за хуманост, со поддршка на Здружението за заштита на животните „Анималиа“.
– На плоштадот ќе биде поставено платно на кое што ќе може да се сликате со новогодишна тема, а ќе има и кученца за вдомување. Доколку времето е врнежливо настанот ќе биде одложен, велат органзиаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26