Вашингтон, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – За две недели американски здравствени претставници планираат да започнат во Либерија решавачки клинички испитувања на вакцини против ебола.
Истражувањето ќе спореди две вакцини, разработени од две различни фармацевтски компании, за да се утврди дали се безбедни и истовремено ефикасни против вирусот.
Според најновите податоци на Светската здравствена организација, има 21 724 случаи на зараза во девет земји, а починатите од ебола се 8641 лица. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива