март 31, 2018

Охрид, 31. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се спроведува акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до каналот „Студенчишта“.

Почетокот е во 10:00 часот, од паркингот кај плажата „Немо“. Расчистувањето на јавните површини се реализира на иницијатива на компанијата „Костал“, а со поддршка на општина Охрид и ЈП „Охридски комуналец“.

По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на  чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука