февруари 17, 2020

Скопје, 17. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна синоќа ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

На денешната пресконференција ги повика институциите да организираат фер и демократски избори и да победи гласот на народот.

– Лидерите го вратија мандатот кај вас, обврска на институциите е да обезбдат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска. Апелирам до сите учесници на овој изборен процес, политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии, и најважно од сѐ, медиумите, да бидат на висина на својата задача, да придонесат изборниот ден биде свечен ден и уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во месец март со што ќе дадеме свои значаен удел во позитивниот исход на самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Впрочем, така и ѝ личи на земја која набрзо ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО. Со среќа на денот на изборите, нека биде чесно и достоинствено, нека победи гласот на народот – рече Џафери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука