јануари 12, 2017

Скопје, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на џез програмата „Show Room” во Јавна соба на 14. јануари ќе настапи еден од најпознатите џез бендови од регионот, „Милан Петровиќ квартет”.

Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 се истакна со авторскиот албум „Excursion” кој е изработен во соработка со 38 најпознати џез и блуз музичари од Европа (Васил Хаџиманов, Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и за кој добива одлични критики на повеќе музички поратли меѓу кои и Popboks.

Во Јавна соба на 14. јануари со почеток во 21:30 часот, ќе го претстават „Dates” нивниот последен албум издаден во 2016, но и ќе ги изведат и своите хитови кои и се одлично познати на македонската публика.

Уредник на програмата “Show Room” е Марко Василевски, а продукцијата е на Јавна соба, која ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука