Струга, 01. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Деновиве Џудо клубот „Дрим“ од Струга на Меѓународниот турнир „Патрида“ во Солун освои еден златен и еден сребрен медал.
Анамарија Стојмиловска го освои златниот медал со четири победи од четири средби, а на Стефан Попоски му припадна сребрениот со две победи и еден пораз.
Михаил Касниоски и Петар Дуноски не успеаа да се закитат со медали.
– Со овој натпревар ЏК „Дрим“ – Струга ја започна натпреварувачката 2017 година, со надеж дека годинава ќе го надминат рекордот од 38 меѓународни натпревари во 2016 и ќе бидат уште поуспешни во 2017 година, велат од клубот. (Крај)
извор: Ipon.mk фото: Ipon.mk
Прочитано: 19