февруари 16, 2022

Скопје, 16. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.702 тестирања, при што се регистрирани 1.091 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 586
• Битола 58
• Куманово 52
• Тетово 44
• Кавадарци и Велес по 39
• Прилеп и Струмица по 29
• Кичево 23
• Штип и Неготино по 22
• Гостивар и Охрид по 20
• Кочани 16
• Гевгелија и Ресен по 13
• Струга 11
• Свети Николе 9
• Дебар 8
• Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево по 5
• Богданци 4
• Демир Хисар и Демир Капија по 3
• Делчево, Валандово и Македонски Брод по 2
• Виница и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69, 69, 72, 74, 78, 78, 78, 82, 83, 84, 85, 87 и 90 години), 3 починати лица од Велес (53, 78 и 82 години), по две починати лица од Струга (52 и 62 години) и Тетово (69 и 70 години) и по едно од Гевгелија (44 години), Кратово (64 години) и Свети Николе (76 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 до 90 години. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022 година. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.356
• Битола 113
• Охрид 104
• Прилеп 95
• Кавадарци 90
• Тетово 87
• Гостивар 53
• Куманово 46
• Кичево 41
• Велес 39
• Струмица 33
• Гевгелија 30
• Неготино 29
• Штип 28
• Струга 23
• Свети Николе и Делчево по 19
• Радовиш 17
• Берово 14
• Виница 13
• Ресен 10
• Крива Паланка и Валандово по 9
• Богданци и Македонски Брод по 7
• Крушево 6
• Кочани 5
• Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица по 4
• Дојран 3
• Демир Хисар и Демир Капија по 2
• Пехчево 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука