февруари 15, 2022

Скопје, 15. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.047 тестирања, при што се регистрирани 1.269 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 686
• Тетово 75
• Битола 65
• Куманово 61
• Велес 48
• Гостивар 44
• Кавадарци 33
• Прилеп 32
• Кичево 26
• Гевгелија 25
• Охрид и Валандово по 20
• Неготино 16
• Ресен 12
• Струмица и Струга по 11
• Дебар 9
• Кочани, Крива Паланка и Богданци по 8
• Штип и Делчево по 7
• Радовиш и Крушево по 6
• Виница 5
• Свети Николе и Кратово по 4
• Берово и Демир Хисар по 3
• Демир Капија и Пехчево по 2
• Пробиштип и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 4 починати лица од Скопје (53, 64, 84 и 85 години), по две починати лица од Охрид (75 и 88 години), Струга (71 и 84 години) и Кочани (67 и 79 години) и по едно од Делчево (73 години), Куманово (74 години), Прилеп (70 години) и Струмица (62 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 91 години. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022 година. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 848 оздравени пациенти од:

• Скопје 227
• Тетово 78
• Куманово 64
• Кавадарци 58
• Битола 54
• Велес 47
• Гевгелија 35
• Прилеп 32
• Гостивар 30
• Неготино и Струмица по 27
• Охрид 25
• Кочани 23
• Штип 22
• Кичево 13
• Струга и Свети Николе по 12
• Ресен 8
• Богданци и Делчево по 7
• Валандово, Крива Паланка и Радовиш по 6
• Дебар, Виница и Кратово по 4
• Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод по 3
• Крушево 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.852.018 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука