Скопје, 5. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, при што се регистрирани 1.375 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 852
• Битола 135
• Прилеп 70
• Куманово и Кавадарци по 38
• Охрид и Штип по 25
• Струмица 21
• Ресен 18
• Тетово и Гевгелија по 14
• Неготино 13
• Гостивар, Велес и Радовиш по 10
• Валандово 9
• Пробиштип, Демир Хисар и Крушево по 8
• Кичево и Богданци по 7
• Делчево и Крива Паланка по 6
• Кочани 5
• Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе по 3
• Дебар, Кратово и Пехчево по 2
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75 години) и Кавадарци (61 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84 години) и Делчево (74 години), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022 година. Пријавените се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од:
• Скопје 116
• Охрид 13
• Прилеп 12
• Битола 10
• Струмица и Куманово по 9
• Кавадарци 8
• Гевгелија 4
• Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово по 3
• Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево по 2
• Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство