Скопје, 23. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 5.604 тестирања, при што се регистрирани 1.424 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 790
• Битола 92
• Куманово 57
• Струмица 48
• Кавадарци 45
• Штип 43
• Прилеп 37
• Охрид 36
• Тетово 35
• Гевгелија 33
• Гостивар 31
• Кичево 27
• Велес 24
• Ресен 20
• Неготино 18
• Кочани и Свети Николе по 13
• Крива Паланка 10
• Струга 8
• Виница 7
• Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод по 5
• Делчево, Берово и Демир Хисар по 3
• Кратово и Демир Капија по 2
• Дебар, Валандово, Крушево и Дојран по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (69, 72, 77, 82, 89 и 90 години), по 2 починати од Велес (43 и 69 години), Струмица (65 и 66 години) и Прилеп (58 и 80 години) и по едно починато лице од Струга (89 години), Крива Паланка (81 години) и Богданци (75 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63 до 80 години. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022 година. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од:
• Скопје 496
• Битола 122
• Куманово 67
• Прилеп 56
• Кавадарци 39
• Кичево 32
• Велес 31
• Ресен 30
• Охрид 29
• Штип 28
• Гостивар 21
• Радовиш 20
• Неготино 18
• Кочани 17
• Гевгелија 15
• Берово 11
• Свети Николе 10
• Струга 7
• Богданци и Демир Хисар по 6
• Пробиштип 5
• Виница 4
• Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово по 3
• Валандово 2
• Дебар и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство