февруари 3, 2022

Скопје, 3. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 4.811 тестирања, при што се регистрирани 1.715 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 882
• Битола 87
• Куманово 75
• Тетово 69
• Кавадарци 66
• Велес 63
• Охрид 56
• Прилеп и Струмица по 48
• Гостивар 36
• Гевгелија 33
• Неготино 29
• Штип 28
• Кочани 26
• Кичево 24
• Радовиш 20
• Валандово 17
• Богданци 16
• Струга и Крива Паланка по 14
• Ресен 12
• Виница 9
• Свети Николе и Делчево по 8
• Демир Капија и Пехчево по 5
• Кратово и Македонски Брод по 4
• Пробиштип 3
• Дебар и Демир Хисар по 2
• Македонска Каменица и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58, 70, 70, 74, 76, 82 и 87 години), 2 починати лица од Битола (77 и 81 години) и по едно починато лице од Велес (59 години), Гевгелија (81 години), Кавадарци (64 години), Куманово (66 години), Неготино (63 години), Охрид (57 години), Ресен (82 години), Свети Николе (73 години), Струга (68 години), Тетово (66 години) и Штип (66 години). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51 до 76 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 до 01.02.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од:

• Скопје 1.276
• Тетово 192
• Гостивар 101
• Куманово 88
• Кавадарци 84
• Велес 63
• Гевгелија 44
• Кочани 25
• Штип 24
• Неготино 20
• Битола 19
• Радовиш 18
• Крива Паланка 13
• Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево по 12
• Виница и Богданци по 6
• Кратово 5
• Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево по 4
• Берово 3
• Пробиштип и Демир Хисар по 2
• Струга и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука