Скопје, 6. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, при што се регистрирани 1.725 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 1.028
• Битола 148
• Прилеп 112
• Охрид 61
• Куманово 52
• Кавадарци 43
• Гевгелија 32
• Штип 31
• Струмица 24
• Тетово 22
• Гостивар 21
• Кичево 20
• Велес 16
• Кочани 14
• Делчево 13
• Крушево 12
• Струга 10
• Радовиш и Валандово по 8
• Ресен 7
• Неготино 6
• Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод по 4
• Кратово и Богданци по 3
• Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево по 2
• Дебар, Демир Капија и Дојран по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66 години) и Неготино (76 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од:
• Скопје 185
• Битола 27
• Прилеп 26
• Кавадарци 15
• Велес и Ресен по 11
• Куманово 9
• Македонски Брод 7
• Охрид, Тетово и Кичево по 5
• Богданци 4
• Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани по 3
• Делчево, Струга и Пробиштип по 2
• Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство