јануари 12, 2022

Скопје, 12. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.123 тестирања, при што се регистрирани 1.822 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 918
• Битола 198
• Прилеп 98
• Куманово 65
• Кавадарци 55
• Охрид 49
• Штип 42
• Гевгелија и Радовиш по 33
• Струмица 30
• Велес 28
• Тетово, Кичево и Крушево по 26
• Неготино и Валандово по 21
• Гостивар и Кочани по 18
• Свети Николе 15
• Ресен 14
• Струга 12
• Делчево и Берово по 10
• Пробиштип 9
• Крива Паланка 8
• Македонска Каменица 7
• Богданци, Македонски Брод и Демир Капија по 5
• Виница и Кратово по 4
• Демир Хисар и Пехчево по 3
• Дојран 2
• Дебар 1

Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70 и 77 години) и едно починато лице од Скопје (89 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021 до 06.01.2022 година. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од:

• Скопје 406
• Охрид 43
• Битола 37
• Прилеп 31
• Кавадарци 30
• Струмица 25
• Куманово и Велес по 14
• Гевгелија 11
• Штип 7
• Радовиш, Неготино и Ресен по 6
• Кичево и Струга по 5
• Делчево 4
• Кочани и Берово по 3
• Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија по 2
• Свети Николе, Македонски Брод, Демир Хисар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.679.890 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука