Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски ресторан – гостилницата „Мече“ денеска прославува 10. години успешна работа.
После само една деценија работа, стигнаа до статус на еден од најпосетуваните и најпопуларните угостителски објекти во Охрид.
На одлична локација, со многу љубов кон подготвувањето на храната, а особено со „благиот муабет и однос кон гостите“, гостилницата „Мече“ се издвои како една од најчестите локации за посета на охриѓани и гостите од целиот свет.
– Поминаа добри 10 години благодарение на Вас и вашата доверба. Благодарност до сите кои ни веруваат и не посетуваат во се’ поголем број. Без Вас ќе бевме ништо. Дај боже да се гледаме здрави и живи уште многу години. Да ни се множат годините и успесите уште многу години, порачаа од „Мече“, од каде во чест на роденденот, во текот на целиот месец јануари одобруваат попуст од 10% на целото мени.
Секогаш свежа храна, подготвена на мајсторски начин во комбинација со поглед кон Охридското Езеро и пристапни цени. Сето тоа со гостопримливост, искрен и пријателски однос кон гостите што се покажа како добитна комбинација, која ќе трае уште долго како една од позитивните точки во охридското угостителство.
Екипата на OhridPress и Супер радио им посакуваат уште многу години успешна работа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес