септември 29, 2022

Скопје, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 735 тестови, при што се регистрирани 105 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 78
• Битола 9
• Прилеп 3
• Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип по 2
• Кичево, Берово и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.

Регистрирани сe 49 оздравени пациенти од:

• Скопје 32
• Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес по 3
• Тетово 2
• Куманово, Охрид и Неготино по 1

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука