Скопје, 4. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 761 тестирања, при што се регистрирани 106 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
-Скопје 72
-Куманово 4
-Штип 2
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Битола 1
-Кавадарци 4
-Гостивар 6
-Струмица 5
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Ресен 1
Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77 години), еден од Куманово (65 години), еден од Дебар (68 години), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81 години), двајца од Битола (84 и 69 години), еден од Охрид (55 години), еден од Кавадарци (81 години), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67 години), еден од Крива Паланка (82 години), еден од Крушево (49 години), еден од Валандово (64 години) и двајца од Неготино (66 и 80 години). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од:
-Скопје 230
-Куманово 24
-Дебар 5
-Штип 18
-Прилеп 51
-Тетово 8
-Струга 30
-Велес 20
-Битола 26
-Охрид 54
-Кавадарци 27
-Гостивар 14
-Гевгелија 11
-Струмица 8
-Радовиш 8
-Кочани 10
-Пробиштип 5
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 2
-Пехчево 7
-Берово 4
-Виница 2
-Кратово 3
-Свети Николе 4
-Кичево 7
-Ресен 3
-Неготино 20
Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, бројката на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а бројот на активни случаи изнесува 18.047. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство