Скопје, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.668 тестирања, при што се регистрирани 107 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 83
• Прилеп 6
• Куманово и Кавадарци по 4
• Битола 3
• Неготино 2
• Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица: 12 починати лица од Скопје (86, 84, 80, 75, 75, 73, 67, 65, 63, 57, 48 и 39 години), 2 починати лица од Куманово (71 и 42 години) и по едно починато лице од Богданци (70 години), Велес (73 години), Гевгелија (69 години), Кичево (69 години) и Македонска Каменица (87 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:
• Скопје 101
• Штип 21
• Куманово 19
• Велес 16
• Кратово 11
• Прилеп, Кочани и Крива Паланка по 9
• Тетово 8
• Кавадарци и Валандово по 7
• Струмица, Свети Николе и Виница по 4
• Кичево и Гевгелија по 3
• Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар по 2
• Неготино и Гостивар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197 бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство