Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок ќе биде неработен. Согласно Законот за празниците 11-ти октомври, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Годинава навршуваат 78 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
Празникот 11-ти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 55