јуни 23, 2020

Скопје, 23. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 55
– Куманово 9
– Дебар 1
– Штип 1
– Прилеп 4
– Тетово 20
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Охрид 9
– Гостивар 4
– Гевгелија 1
– Струмица 2
– Свети Николе 1
– Кичево 1
– Ресен 5

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58 години) примен на 9-ти јуни, пациент (73 години), хоспитализиран на 26-ти мај, пациентка (73 години) примена во болница на 22-ри јуни. Почина и пациент (72 години) на 21-ви јуни, а денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

– Скопје 37
– Штип 3
– Прилеп 5
– Тетово 24
– Велес 1
– Гостивар 4

Досега во земјата се направени вкупно 53.248 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука