јули 7, 2020

Скопје, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.367 тестирања, при што се регистрирани 120 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 63
– Куманово 4
– Дебар 6
– Штип 4
– Прилеп 2
– Тетово 14
– Струга 6
– Велес 2
– Битола 1
– Охрид 4
– Гостивар 12
– Свети Николе 1
– Кичево 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

– Скопје 82
– Штип 1
– Тетово 30
– Струга 2
– Битола 2
– Гостивар 2
– Кочани 4
– Пехчево 1
– Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука