Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши меѓународната еколошка акција „Охрид Еко 2024“ во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност” на Скопско.
Вкупно беа собрани 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми, на шест различни локации.
Во текот на акцијата членовите на нуркачкиот центар „Амфора“, нуркачките единици на САЕ Тигар и БСС Волци, како и членовите на СНК Врело, РК Тритон од Белград, ГСС од БиХ и нуркачки клуб Дубровник успеаа да извадат голема количина отпад од дното на Охридското Езеро.
– Благодарност до СКОПСКО и сите волонтери кои ја поддржаа и учествуваа во оваа акција. Сите заедно, со мали но значајни чекори, можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации, велат од „Амфора“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: НЦ „Амфора“