Скопје, 30. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 66
– Куманово 6
– Штип 15
– Прилеп 3
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 2
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 2
– Пробиштип 2
– Свети Николе 1
– Ресен 3
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
– Скопје 43
– Штип 1
– Битола 1
– Ресен 3
Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство