мај 6, 2020

Скопје, 6. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Куманово 1, Прилеп 3, Тетово 3, Велес 5 и Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на COVID-19, информираат од министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.

– Скопје 5
– Куманово 12
– Прилеп 9
– Велес 12
– Битола 2
– Кавадарци 1
– Крушево 1
– Неготино 2

Image may contain: text

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на COVID-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539, бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука