Скопје, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 57
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 13
– Прилеп 7
– Тетово 19
– Струга 3
– Велес 4
– Битола 1
– Охрид 5
– Кавадарци 1
– Гостивар 6
– Пробиштип 2
– Свети Николе 2
– Ресен 1
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од:
– Скопје 42
– Штип 40
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Велес 1
– Гостивар 5
– Кочани 2
– Пробиштип 3
– Свети Николе 2
Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство