Скопје, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 80
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 3
– Тетово 24
– Струга 1
– Велес 3
– Охрид 5
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Кичево 1
– Ресен 4
– Неготино 1
Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.
– Скопје 26
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 6
– Велес 4
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1
Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.095. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство