Скопје, 8. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – 14 нови случаи на коронавирус COVID-19 и 20 пациенти кои ја победија болеста регистрира Институтот за јавно здравје во текот на изминатото деноноќие.
Оздравените пациенти се од: Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28-ми април.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива