април 25, 2022

Скопје, 25. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 84
• Битола 15
• Кавадарци 12
• Куманово 10
• Велес 6
• Прилеп 4
• Штип 3
• Тетово, Охрид, Кочани и Неготино по 2
• Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции. Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04. до 24.04.2022 година) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78 години) и Тетово (80 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77 години), Битола (73 години) и Прилеп (65 години). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022 година.

Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од:

• Скопје 135
• Битола 29
• Прилеп 13
• Велес 12
• Кавадарци 10
• Охрид и Струмица по 6
• Гостивар 5
• Куманово и Неготино по 4
• Тетово 3
• Штип и Струга по 2
• Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука