Донецк, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 7.000 украински војници се нашле во воен обрач во близина на селото Дебалчев во Донецк, бидејќи единици на про – руската полиција го отсекле единствениот пат што ја поврзува областа со териториите под контрола на Киев во источниот дел на Украина.
Силите на самопрогласената Народна Република Донецк биле на околу 10 километри од селото, каде што било упориштето на украинската армија, и барале од украинските војници да се предадат.
Заменикот на командантот на украинскиот парламент, Семјон Шерменченко, рече дека градот Угљегоорск бил напуштен од страна на украинската власт.
И лидерот на Народна Република Донецк, Александар Закарченко потврди дека била организирана насилна операција, каде било барано од војниците да се предадат. (Крај)
извор: ОхридПрес/АП фото: архива