Скопје, 25. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6 и Ресен-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53 години) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61 години), лекуван болнички до 23-ти јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80 години) хоспитализиран на 5-ти јуни и пациент (75 години) хоспитализиран на 24-ти јуни.
Во Општата болница во Охрид почина пациент на возраст од 68 години, хоспитализиран на 23-ти јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79 години).
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива