Охрид, 24. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна свеченост во понеделник ќе биде одбележан денот кога Григор Прличев го доби Ловоровиот венец.
На 25-ти март 1860 година, нашиот преродбеник Прличев во Атина беше закитан со венец за поемата „Сердарот”.
Како потсетување на овој датум, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” ќе биде претставен дел од творештвото на нашиот голем поет. Тоа се „Мечта на еден старец”, „О кај си мила славеј птичка” и други целини и фрагменти, кои ја надолнуваат сликата за великанот за 19-от век.
Настанот ќе се одржи во понеделник, со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 57