Охрид, 14. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 778 тестирања, при што се регистрирани 162 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 92
– Куманово 3
– Дебар 5
– Штип 1
– Прилеп 2
– Тетово 32
– Струга 3
– Охрид 4
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Свети Николе 1
– Ресен 14
Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62 години), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 години), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69 години) примен на 13-ти јуни, пациентка од Скопје (73 години) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 години) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11-ти јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 години), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 години), а во болницата во Гостивар на пациентка (58 години) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на COVID-19 е докажан постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.
– Скопје 2
– Прилеп 2
– Тетово 1
До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство