Скопје, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 71
– Куманово 15
– Дебар 1
– Штип 10
– Прилеп 5
– Тетово 20
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 10
– Гостивар 14
– Пробиштип 4
– Македонски Брод 1
– Кичево 2
– Ресен 5
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од:
– Скопје 97
– Штип 11
– Тетово 3
– Велес 2
– Битола 2
– Струмица 1
– Ресен 11
– Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.583. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство