Скопје, 15. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89 години), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.
Направените 460 теста се преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –8, Биотек -20, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода -19 и МАНУ -109. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива