март 23, 2023

Охрид, 23. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2023 година, во 12:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влезот за селото Климештани, Општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко моторно возило марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 60-годишниот С.М. од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 62-годишната Ф.Х.А. од Охрид констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука