ноември 15, 2021

Скопје, 15. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.483 тестирања, при што се регистрирани 172 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

· Скопје 107
· Охрид 11
· Битола 8
· Кавадарци и Штип по 6
· Велес и Струга по 5
· Струмица 4
· Свети Николе и Кратово по 3
· Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2
· Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61, 71, 72 и 75 години) и по едно починато лице од Битола (65 години), Берово (63 години), Струга (85 години), Струмица (65 години) и Македонска Каменица (76 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистриран e 381 оздравен пациент од:

· Скопје 145
· Битола 42
· Куманово 30
· Штип 22
· Кавадараци 21
· Велес 20
· Кочани 18
· Крива Паланка 15
· Прилеп 12
· Тетово 10
· Кичево и Берово по 8
· Свети Николе и Неготино по 5
· Кратово и Делчево по 4
· Охрид, Богданци и Радовиш по 3
· Пробиштип, Ресен и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука