Скопје, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 61
– Куманово 8
– Дебар 1
– Штип 14
– Прилеп 5
– Тетово 22
– Струга 19
– Велес 5
– Битола 3
– Охрид 14
– Гостивар 7
– Струмица 1
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Пехчево 1
– Кичево 6
– Ресен 5
Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од:
– Скопје 5
– Куманово 1
– Штип 18
– Тетово 30
– Битола 2
– Гостивар 8
– Гевгелија 1
– Струмица 1
– Кочани 8
– Берово 1
– Валандово 2
– Кичево 1
– Ресен 2
Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство