септември 23, 2020

Скопје, 23. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, при што се регистрирани 183 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 51
– Куманово 7
– Дебар 4
– Штип 1
– Прилеп 15
– Тетово 13
– Струга 4
– Велес 3
– Битола 6
– Охрид 5
– Кавадарци 5
– Гостивар 9
– Гевгелија 3
– Струмица 7
– Крива Паланка 4
– Радовиш 3
– Кочани 20
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Берово 3
– Валандово 3
– Виница 4
– Делчево 5
– Свети Николе 3
– Ресен 2

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51 години), од Дебар (68 години), од Крива Паланка (58 години), Радовиш (71 години) и пациент од Кочани (66 години). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од:

– Скопје 38
– Куманово 12
– Штип 5
– Прилеп 8
– Тетово 3
– Струга 4
– Битола 12
– Кавадарци 3
– Гостивар 2
– Крива Паланка 2
– Кочани 4
– Пробиштип 3
– Пехчево 1
– Берово 2
– Делчево 1
– Кичево 2

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14.186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.153. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука