октомври 4, 2021

Скопје, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.876 тестирања, при што се регистрирани 185 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 99
• Велес и Кочани по 14
• Кавадарци 12
• Штип 11
• Свети Николе 8
• Куманово 6
• Охрид 5
• Струмица 4
• Прилеп, Виница и Пробиштип по 2
• Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (53, 75, 79, 79 и 79 години), по едно починато лице од Куманово (73 години), Кочани (90 години), Велес (83 години), Прилеп (70 години), Свети Николе (63 години), Охрид (78 години) и Крива Паланка (79 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од:

• Скопје 153
• Охрид 98
• Струга 73
• Куманово 28
• Кочани 19
• Велес и Штип по 18
• Тетово 17
• Кичево 14
• Кавадарци 13
• Битола 12
• Струмица 10
• Свети Николе 7
• Прилеп, Гостивар и Крива Паланка по 5
• Пробиштип, Берово и Валандово по 4
• Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово по 3
• Неготино, Ресен, Дебар и Делчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука