Струга/Вевчани, 13. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари 2024 година, околу 01:20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на струшкото село Подгорци, се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби 19-годишно лице од Вевчани.
– Во незгодата учествувало патничко моторно возило марка „Ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишно лице од Вевчани кое излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.
Според неофицијални информации, лицето кое настрада во сообраќајката е за синот на поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски. (Крај)
извор: МВР фото: архива