Скопје, 20. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.По градови:
– Скопје 7
– Куманово 1
– Тетово 3
– Велес 1
– Кочани 1
– Неготино 3
Во текот на изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 1, Гостивар 1, Струмица 1 и Виница 1. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на COVID-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на COVID-19 во Битола.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65 години) примена на 11-ти мај, пациент од Скопје (71 година), хоспитализиран на 16-ти мај и пациент од Тетово (73 години) во болница од 11-ти мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 години) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство