август 17, 2019

Охрид, 17. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Кајак-кану клубот „Стрмец“ од Охрид, денес во Охрид ќе се одржи 19-та Интернационалната илинденска регата во Кајак-кану на мирни води.

– На настанот ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија и нашата земја. Регатата е во машка и женска конкуренција, а натпреварувачите ќе се натпреваруваат во дисциплни К1, К2, Ц1, Ц2. Во рамки на регатата, ќе се одржи и меморијален маратон на 2.000 метри, во чест на починатите кајакари. Настанот ќе започне во 08:30 часот на патеката од пристаниште до каналот „Студенчишта“, информираат организаторите кои апелираат до сопствениците на пловни објекти да имаат разбирање за успешно да се реализира спортскиот настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука