октомври 24, 2019

Охрид, 24. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари”.

Радува податокот што интересот за натпреварот меѓу учениците се зголемува. Своите знаења денес ги тестираа 19 ученици, од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Ментори на учениците натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска,Мери Крстеска, Санта Миткова, Фила Веровска – Стојковска, Наташа Митреска и Ана Пупиноска – Стојкоска.

Резултатите од натпреварот како што ни соопштија од Комисијата во состав: Весна Симоновска, Елизабета Бојчевска и Никола Ристовски, вработени во Библиотеката, ќе бидат познати во текот на следнатa недела. Најдобриот ученик ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје закажан за 15-ти ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука