јануари 26, 2022

Скопје, 26. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.119 тестирања, при што се регистрирани 2.019 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 968
• Битола 150
• Кавадарци 104
• Куманово 75
• Тетово 71
• Прилеп 64
• Велес 62
• Струмица 61
• Гевгелија 48
• Кочани 45
• Охрид 41
• Штип 38
• Гостивар и Ресен по 33
• Неготино 31
• Радовиш 27
• Струга 26
• Кичево 24
• Свети Николе и Делчево по 18
• Валандово 13
• Берово 12
• Виница и Богданци по 10
• Крива Паланка 9
• Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод по 5
• Кратово 4
• Пробиштип, Пехчево и Дојран по 2
• Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61, 70, 85 и 85 години), 3 починати од Прилеп (71, 72 и 82 години), 2 починати лица од Битола (84 и 84 години) и по едно починато лице од Гостивар (72 години), Охрид (81 години), Кочани (70 години), Свети Николе (79 години), Струмица (78 години) и Штип (78 години). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се четири починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72 до 75 години. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022 година. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од:

• Скопје 558
• Охрид 87
• Битола 70
• Куманово 38
• Струга 29
• Струмица 26
• Прилеп 25
• Кавадарци 20
• Штип 19
• Тетово 15
• Гевгелија 11
• Ресен 9
• Кичево и Крива Паланка по 8
• Гостивар 7
• Велес, Радовиш и Крушево по 6
• Дебар 5
• Свети Николе и Берово по 4
• Кратово 3
• Кочани и Валандово по 2
• Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука