Скопје, 19. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.353 тестирања, при што се регистрирани 2.051 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 1.027
• Битола 170
• Прилеп 107
• Куманово 86
• Струмица 55
• Тетово 49
• Охрид 48
• Штип 47
• Кавадарци 45
• Гостивар и Кочани по 43
• Гевгелија 39
• Кичево 34
• Велес 32
• Радовиш 30
• Струга 24
• Делчево 22
• Свети Николе 21
• Ресен 19
• Неготино 15
• Кратово 14
• Валандово 12
• Берово, Богданци и Демир Хисар по 10
• Крива Паланка и Крушево по 8
• Демир Капија 6
• Пехчево 5
• Пробиштип 4
• Македонска Каменица 3
• Македонски Брод 2
• Дебар, Виница и Дојран по 1
Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82 и 86 години) и Битола (48 и 65 години) и по едно починато лице од Крива Паланка (76 години), Прилеп (77 години) и Охрид (70 годнии). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08 до 14.01.2022 година. Починатите се на возраст од 47 до 89 години. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од:
• Скопје 473
• Битола 47
• Куманово 39
• Охрид 30
• Кавадарци 29
• Прилеп 27
• Гостивар 18
• Велес 13
• Струга 9
• Гевгелија 8
• Штип 7
• Струмица, Делчево и Ресен по 6
• Кочани 5
• Радовиш и Виница по 4
• Крушево и Пробиштип по 3
• Неготино, Македонски Брод и Дебар по 2
• Кичево, Валандово, Богданци и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство