Скопје, 10. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.
По градови:
– Скопје 11
– Куманово 10
– Тетово 1
– Велес 2
Во текот на изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 12, Куманово 1, Прилеп 3, Тетово 2, Битола 1, Гостивар 1. Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство
Прочитано: 18