мај 16, 2020

Скопје, 16. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, информриаат од Министерството за здравство на република Македонија.По градови:

– Скопје 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар 1
– Кратово 1

Во текот на изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 4, Тетово 6, Велес 1 и Охрид 1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на COVID-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79 години), хоспитализирана како сомнителна на COVID-19 на 13-ти мај, а потврдена позитивна на 15-ти мај. Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука