Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празници, понеделник, 23-ти октомври, Денот на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Денот на Македонската револуционерна борба како државен празник се одбележува од 2007 година, кога беше изгласан новиот Закон за државни празници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21