Охрид, 23. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Денот на Македонската револуционерна борба.
На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Денот на Македонската револуционерна борба од 2007 година е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани на Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива