септември 9, 2021

Скопје, 9. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, при што се регистрирани 256 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 160
• Куманово 32
• Прилеп 9
• Охрид 8
• Кавадарци, Струмица и Струга по 6
• Битола и Ресен по 5
• Крива Паланка 4
• Велес 3
• Тетово, Гостивар и Кичево по 2
• Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод по 1

Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86, 78, 75, 71, 70, 65, 59, 56 и 46 години), 6 починати лица од Гостивар (83, 73, 71, 65, 65 и 60 години), по 3 починати лица од Тетово (68, 67 и 62 години), Куманово (84, 78 и 72 години) и Струмица (72, 68 и 54 години), 2 починати лица од Кичево (55 и 49 години) и по едно починато лице од Битола (81 години), Велес (76 години), Гевгелија (18 години), Дебар (62 години) и Македонски Брод (38 години). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:

• Скопје 172
• Тетово 171
• Гостивар 50
• Кавадарци 18
• Кичево 16
• Прилеп и Битола по 12
• Струмица, Штип и Свети Николе по 10
• Ресен 8
• Крива Паланка 6
• Велес, Радовиш, Делчево и Кратово по 5
• Пробиштип и Македонски Брод по 4
• Неготино и Берово по 3
• Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, ДемирХисар и МакедонскаКаменица по 2
• Виница и Валандово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука