Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 8-ми август 2019 година ќе се одржи продолжението на прекинатата 27-ма седница на Советот на општина Охрид, информираат од локалната самоуправа.
27-та седница на Градскиот совет беше прекината пред последната точка на дневниот ред, посветена на работењето на шинтерската служба. Точката, како дополнување на дневниот ред, ја предложи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но тие по расправата за измени на Статутот на општина Охрид ја напуштија седницата. Беше најавено дека во меѓувреме ќе се побара информација од ЈП „Охридски комуналец“ за функционирањето на шинтерската служба.
Продолжението на седницата која започна на 30-ти мај оваа година ќе започне во 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива